БАТА ЖИВОЈИНОВИЌ СЕГА ПОЧИВА ПОКРАЈ СВОЈАТА САКАНА ЛУЛА Посмртните останки на славниот актер пренесени во семејната гробница во неговото родно село
Го исполнивме родителскиот завет и желбата на нашите родители да бидат заедно, емотивно вели Миљко Живојиновиќ, синот на покојниот актер чии посмртни останки днееска беа пренесени од Алејата на заслужните граѓани на Новите гробишта во Белград во семејната гробница во селото Корачица.
Посмртните останки на популарниот актер Велимир Бата Живојиновиќ денеска се преместени од Алејата на заслужните граѓани на Новите гробишта во Белград во семејната гробница во селото Корачица.
Тоа е селото во кое израсна актерот, а денес, 30 април, неговото семејство му ја исполни последната желба – да почива покрај сопругата Јулијана Лула Живојиновиќ, пренесува Телеграф.
Семејната гробница се наоѓа во црквата Света Троица во Корачница, каде што се одржува погребна служба по повод пренесувањето на посмртните останки. На службата присуствуваше синот Миљко, но не и ќерката Јелена, бидејќи таа работо на Куба.
– Денеска го исполнуваме родителски завет. Жал ми е што сестра ми не е со нас, таа работи во нашата амбасада во Куба и за жал не можеше да дојде поради нејзината работа. Секојдневно контактираме, пет-шест пати се слушаме, презадоволна е како се беше организирано и направено и што конечно им ја исполнуваме желбата на нашите родители да бидат заедно – рече Миљко.
Велимир Бата Живојиновиќ беше еден од најпознатите актери кои потекнуваат од овие простори и еден од ретките кои постигнаа глобално признание и слава ширум светот.
Во својот богат уметнички опус играше улоги во повеќе од 350 филмови, а беше награден со бројни престижни награди за достигнувања во филмската уметност во земјата и странство.