Башановиќ, советникот на Заев, поседува пола Македонија, тврди Вучиќ

Неговото име се споменуваше во неколку афери, како во „Рекет“ и „Меѓународен сојуз“. За време на судењето медиумите тврдеа дека 1,5 милиони евра од рекетот Боки 13 му ги однел токму на Башановиќ, потсетува порталот Република.

7,713

Претседателот на Србија Алекандар Вучиќ проговори за односот со Зоран Башановиќ, бизнимен од Србија.

Тие се кумови, но неколку години не се во најдобри односи. Башановиќ е интересен за македонската јавност како поранешен советник на премиерот Зоран Заев и тоа за хонорар од 1500 евра месечно.






Но, покрај тој хонорар Башановиќ има многу бизниси низ Македонија за што посведочи и самиот Вучиќ, пренесува порталот Република.

– Кумот Зоран Башановиќ со Ѓилас купуваат телевизии и ме рушат. Башановиќ со сите сили решил да ме руши а поседува пола Македонија и Грција. Од мене ништо не добил ниту пак може – изјави Вучиќ.

Башановиќ во последниве неколку години е одомаќинет во Македонија, па дури и тука живее со семејството.  Оттука ги контролира бизнисите, но во родната Србија ретко оди. Не отишол дури и на погребот на неговиот татко кој почина пред неколку месеци.

Неговото име се споменуваше во неколку афери, како во „Рекет“ и „Меѓународен сојуз“. За време на судењето медиумите тврдеа дека 1,5 милиони евра од рекетот Боки 13 му ги однел токму на Башановиќ, потсетува порталот Република.

Поврзани содржини