БАШ МУ Е ГАЈЛЕ НА МИЦКОСКИ ЗА НАРОДОТ Остра реакција од СДСМ на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за замрзнатите цени

Мицкоски е докажан непознавач и на политиката и на енергетиката а потврдува и дека нема основно чувство за потребите на народот, велат од СДСМ.

458

Од СДСМ со остра реакција по изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во врска со намалувањето на цените на производите и замрзнувањето на истите.

„Мицкоски е единствениот кој е против намалување на цените на производите. Баш му е гајле на Мицкоски за граѓаните, за народот. Заслепен од луксузот во Белата палата Христијан Мицкоски не сака семејствата месечно да заштедуваат пари со помалите сметки за пазарење. Тоа е истата криминална матрица на ВМРО-ДПМНЕ која се уште опстојува во оваа партија. ВМРО-ДПМНЕ сака само да зема од џебот на граѓаните, сакаат народот да биде сиромашен, работниците да бидат евтина работна сила“, се вели во реакцијата од СДСМ.






Оттаму велат дека затоа градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во секоја општина зголемуваат цени на комунални услуги и ги задолжуваат граѓаните.

„Мицкоски е докажан непознавач и на политиката и на енергетиката а потврдува и дека нема основно чувство за потребите на народот. СДСМ и Ковачевски се на страна на граѓаните. Ќе продолжиме да го штитиме стандардот на народот, да ги покачуваме платите и пензиите и да ги намалуваме цените“, стои во соопштението од СДСМ.

Поврзани содржини