📷 СОФИЈА БАШ И НЕ Е ПОТРЕСЕНА Еве каде е поранешната сопруга на Игор Којиќ по разводот
Инфлуенсерката Софија Дачиќ ја објави првата фотографија по ненадејната вест дека се разведува од Игор Којиќ.
Инфлуенсерката Софија Дачиќ ја објави првата фотографија по ненадејната вест дека се разведува од Игор Којиќ.
Игор Којиќ, син на фолк српскиот пејач Драган Којиќ Кеба, се разведува од 15 години помладата Софија Дачиќ по пет месеци брак. Поранешната снаа на Кеба, откако информациите за крајот на нејзиниот брак со помладиот Коиќ протекоа во јавноста, објави фотографија на социјалната мрежа Инстаграм на која позира во огледало во летна комбинација – пругасти шорцеви и бела маица, со песната „La dolce vita“, односно „Уживајќи во животот“.

Да потсетиме, како што напиша српски „Курир“, разделбата ја иницирала Софија. Таа му рекла на Игор дека сака развод, а тој на почетокот не се согласувал со тоа бидејќи сметал дека треба внимателно да размислат за сè и да си дадат нова шанса. Меѓутоа, со текот на времето сфатил дека љубовта меѓу нив исчезнала.
View this post on Instagram
„На почетокот, сè меѓу нив беше како бајка и изгледаше како вистинска љубов на прв поглед. Софија беше толку вљубена во Игор што се согласи да се омажи за него без двоумење. А Игор беше едноставно… Тој беше толку воодушевен од Софија што беше подготвен сè да ѝ подреди и да го промени својот живот од корен. Се венчаа во јануари на општо изненадување на нивните семејства и првите месеци живееја идилично, што можевме да го забележиме и од нивните објави на социјалните мрежи. Софија често поминуваше време со родителите на Игор, па постојано го ставаше Кеба на својот профил, а често му ги подготвуваше и омилените јадења на Игор“, вели соговорникот на „Блиц“.