БАРСЕЛОНА ВО ДОЛГОВИ ДО ГУША Каталонскиот гигант должи над 159 милиони евра за стари трансфери

Од вкупната сума, 140,6 милиони евра се краткорочни обврски, додека 18,5 милиони евра се долгорочен долг што клубот ќе треба да го отплати во следните години.

509

Вкупниот долг на фудбалскиот клуб Барселона кон различни клубови за реализирани трансфери достигна 159,1 милион евра, објави денеска шпанскиот спортски весник Спорт.

Од вкупната сума, 140,6 милиони евра се краткорочни обврски, додека 18,5 милиони евра се долгорочен долг што клубот ќе треба да го отплати во следните години.






Според информациите, најголем дел од долгот се однесува на трансферот на бразилскиот напаѓач Рафиња, за кого Барселона му должи на англискиот прволигаш Лидс Јунајтед дури 41,9 милиони евра. Трансферот беше реализиран во јули 2022 година, кога Рафиња премина на „Камп Ноу“ за сума која тогаш надмина 60 милиони евра со бонуси.

Каталонскиот клуб и ова лето имаше сериозни финансиски тешкотии, што се одрази и врз трансфер политиката. Поради строгите правила на Ла Лига, Барселона мораше итно да генерира приходи за да може да ги регистрира новите засилувања во својот состав.

Според шпанските медиуми, управата на клубот работи на реструктурирање на долговите и продажба на дел од комерцијалните права, со цел да го стабилизира буџетот и да избегне дополнителни санкции од фудбалските власти.

Поврзани содржини