БАРСЕЛОНА СО ИСТИОТ ТРЕНЕР Куман ќе остане, ама под неколку услови

Да освои титули, да ја претстави Барселона во добро светло и да ги следи стратешките насоки на клубот се дел од условите, јавува МИА.

324

Барселона ќе го задржи постојниот тренер Роналд Куман и во следната сезоната, но тој ќе мора да исполни неколку услови пред да го потпише договорот, објави „Sport.es. Да освои титули, да ја претстави Барселона во добро светло и да ги следи стратешките насоки на клубот се дел од условите, јавува МИА.

Куман ја предводи Барселона од 2020 година. Под негово водство, каталонскиот клуб го освои Купот на Шпанија во сезоната 2020/2021, а исто така го зазеде третото место во Ла Лига.






Во последното издание на „Лигата на шампиони“, каталонскиот клуб го заврши својот настап во осминафиналната фаза, по пресметките со ПСЖ.

Барселона исто така освои седум бода на три натпревари од новата сезона во „Ла лига“ е рангирана на 4-то место во табелата. Лидер во „Ла лига“ е Реал Мадрид кој исто така има седум бода.

Поврзани содржини