БАРСЕЛОНА СИ КУПИ НОВ ГОЛМАН Дијамантот на Еспањол потпиша 6-годишен договор
Еспањол објави дека е активирана клаузулата во договорот на Гарсија, според која неговата отштета изнесува 25 милиони евра.
Шпанскиот фудбалски првак Барселона го ангажираше денеска 24-годишниот голман Жоан Гарсија од градскиот ривал Еспањол.
Гарсија, кој минатата сезона имаше рекорден број одбрани (146) во Ла Лига потпиша шестгодишен договор со Барселона.
Еспањол објави дека е активирана клаузулата во договорот на Гарсија, според која неговата отштета изнесува 25 милиони евра.
Минатата сезона, Гарсија ги одигра сите првенствени натпревари на голот на Еспањол, а во Барселона ќе му биде конкуренција на германскиот репрезентативец Марк-Андре тер Штеген за позицијата прв голман.