БАРСЕЛОНА ПОДГОТВУВА ПОНУДА ЗА МАКЕДОНСКИОТ ГОЛМАН? Столе Димитриевски на радарот на каталонскиот гигант

Барса го насочила радарот кон Димитриевски и сака да го донесе на „Ноу Камп“ уште во јануари, открива спортскиот новинар Хозе Алварез.

596

Барселона ја следи формата на македонскиот голман Столе Димитриевски, кој брани во одлична форма сезонава во шпанското фудбалско првенство.

Голманот на Рајо Ваљекано процентуално има најдобар скор во првиот дел од сезоната на шпанската Ла Лига, многу одбрани меѓу кои и пенали, а сите се сеќаваат и на пантерскиот скок во дуелот со Депај и одбранетиот пенал. Рајо тогаш ја порази Барселона, а Столе блескаше.






Барса го насочила радарот кон Димитриевски и сака да го донесе на „Ноу Камп“ уште во јануари, открива спортскиот новинар Хозе Алварез во спортската емисија на ТВ „El Chiringuito“.

 

Поврзани содржини