БАРСЕЛОНА ПАДНА НА КОЛЕНА Првпат по 21 година нема да игра осминафинале во Лигата на шампионите
Своите настапи Барса ќе ги продолжи во Лигата на Европа, иако постоеја шанси дури и со пораз да се протне во осминафиналето токолку Бенфика не победеше против Динамо Киев.
Првпат по повеќе од две децении шпанскиот фудбалски клуб Барселона не успеа да се пласира во осминафиналето во Лигата на шампионите откако вечерва убедливо загуби (3:0) на гостувањето кај Баерн Минхен.
Своите настапи Барса ќе ги продолжи во Лигата на Европа, иако постоеја шанси дури и со пораз да се протне во осминафиналето токолку Бенфика не победеше против Динамо Киев. Сепак, португалскиот тим славеше со 2:0 и практично ги прескокна каталонците на табелата.
На натпреварот во Минхен, резултатот го отвори Томас Милер во 34 минута, а до крајот на првото полувреме втор гол постигна Лерој Сане. Конечниот резултат го постави Мусала во 62 минута.
Бенфика, пак, со головите на Јаремчук и на Жилберто го совлада Динамо Киев и на крајот го освои второто место во групата Е.