БАРСЕЛОНА НА КОЛЕНА, А УШТЕ НЕ ПОЧНАЛ НАТПРЕВАРОТ Интер ја сруши Викторија Плзен, Лукаку се врати и погоди

Со оваа победа практично се спуштија завесите за шпанска Барселона, бидејќи сега Интер е недостижен на табелата, веднаш зад германски Баерн Минхен.

329

Со головите на Хенрих Мхитаријан, двата гола на Един Џеко и голот на Ромелу Лукаку, италијанскиот гигант Интер вечерва ја сруши Викторија Плзен на домашен терен и обезбеди место во првите 16 клубови во Лигата на Шампионите.

Со оваа победа практично се спуштија завесите за шпанска Барселона, бидејќи сега Интер е недостижен на табелата, веднаш зад германски Баерн Минхен.






За десетина минути ќе започне натпреварот Барселона-Баерн Минхен, но резултатот, каков и да биде, нема да ги промени работите во групата Ц.

Во моментов, првото место му припаѓа на Баерн Минхен со 12 бодови и натпревар помалку, второ место е Интер со 10 бодови, трето е Барселона со 4 и натпревар помалку, а на дното е Викторија Плзен со 0 бодови.

Поврзани содржини