📽 БАРСЕЛОНА ГО ОСВОИ ПАРИЗ, АТЛЕТИКО СИГУРЕН ВО МАДРИД Фудбал за сладокусци во првите четвртфинални натпревари во Лигата на шампионите

Барселона славеше голема победа против ПСЖ во Париз (2-3), а Атлетико Мадрид на домашен терен беше поуспешен од Борусија Дортмуд (2-1).

385

Фудбалерите на Барселона во Париз го шокираа ПСЖ и победија со 2-3 во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Подеднакво возбудливо беше и во Мадрид каде Атлетико  на домашен терен беше поуспешен од Борусија Дортмунд со 2-1.

Резултатот во Париз беше отворен во 37 минута со голот на Рафиња за почетно водство на гостите. Фудбалерите на ПСЖ по одморот тргнаа силно и од 48 до 51 минута направија комплетен пресврт преку Дембеле и Витиња.






Потоа Баркола погоди статива за 3-1 за да во 62 минута по одличната асистенција на Педри, бразилскиот ас Рафиња да израмни на 2-2.

Конечниот 3-2 за Барселона ги постави Кристенсен во 77 минута.

Реваншот се игра во Барселона на 16 април.

Во вториот четвртфинален дуел, Атлетико Мадрид славеше против Борусија Дортмунд со 2-1. Домаќините водеа со 2-0 по 32 минута игра со головите на Де Пол и Лино. Гостите се вратија во 81 минута со погодокот на  Але. Фудбалерите на Борусија во финишот имаа две големи шанси и два пати ја погодија пречката на противничкиот гол, пропуштајќи шанса да дојдат до изедначување.

Во реваншот на 16 април, Борусија е домаќин во Дортмунд.

 

Поврзани содржини