БАРСЕЛОНА ГО ИЗБРА НАСЛЕДНИКОT „Десетката“ на Меси ќе ја носи 18-годишно момче

Нова „деветка“ на Барселона ќе биде Мемфис Депај, дресот со бројот 7 по заминувањето на Антоан Гризман премина кај Усман Дембеле, додека новото засилување Серхио Агуеро ќе го носи дресот со бројот 19. 

814

Шпанскиот фудбалски прволигаш Барселона одлучи дресот со бројот 10, кој цели 13 години го носеше Аргентинецот Лионел Меси, да му го додели на својот голем талент, 18-годишниот Ансу Фати, објави попладнево каталонскиот клуб на својот официјален сајт.

Меси ова лето, по две децении минати во Барселона, премина во редовите на ПСЖ, а дресот со бројот 10 во каталонскиот клуб го носеше од 2008 година.






Претходно, „десетката“ беше во сопственост на Бразилецот Ривалдо.

Нова „деветка“ на Барселона ќе биде Мемфис Депај, дресот со бројот 7 по заминувањето на Антоан Гризман премина кај Усман Дембеле, додека новото засилување Серхио Агуеро ќе го носи дресот со бројот 19.

Поврзани содржини