Барселона ќе им ги намали платите на фудбалерите за 30 отсто?

360

Раководството на шпанскиот шампион Барселона размислува да ги намали платите на играчите на тимот поради суспензија на сезоната поради пандемијата од коронавирусот, пренесува „Мундо Депортиво“.

Натпреварите во Ла Лига првично беа прекинати во средината на март за 20 дена, но сè уште не е јасно кога ќе продолжи кампањата, бидејќи заразата со КОВИД-19 продолжува да расте. Просечната плата на фудбалерите на Барселона е рекордна во светскиот клупски фудбал – 11 милиони евра.






Одлуката за можно изрекување на мерката ќе се донесе не порано од следната недела, бидејќи раководството разгледува различни опции. Една од опциите што се разгледува е да се намалат надоместоците за играчите за 30 проценти за периодот кога не се играат натпревари заради коронавирусот.

Поврзани содржини