БАРДОВЦИ ПОБЕДИ Се стопира изградбата на Центарот за странци

Граѓаните од Бардовци, пак, задоволни информираа дека победиле во борбата да се дислоцира Прифатниот центар за странци, кој започна да се гради во нивната населба.

181

Владата на денешната седница донесе одлука да ја стопира изградбата на Прифатниот центар за странци во Бардовци и да го премести на локација надвор од населено место.

Ова, како што е објавено на фејсбукот на Владата, доаѓа како одговор на барањето на граѓаните од Бардовци и Волково кои со месеци протестираа против изградбата на центарот.






Граѓаните имаа оправдани дилеми поради што неколку пати за ова се обраќаат до централните институции, Општина Карпош и до меѓународната заедница. Во директна комуникација со граѓаните на Бардовци, Владата ги уважува нивните аргументи и во транспарентна постапка ќе бара нова локација надвор од населено место со цел реализација на овој важен проект“, соопшти Владата на Фејсбук.

Граѓаните од Бардовци, пак, задоволни информираа дека победиле во борбата да се дислоцира Прифатниот центар за странци, кој започна да се гради во нивната населба.

– Долга беше борбата, веќе три месеци сме на улица. Направивме бројни средби со клучни политички фигури во нашата држава. Сепак, конечната заложба од македонски политичар, а со тоа подоцна и решението беше постигната на средбата во саботата (23.10.2021 година), помеѓу организациониот одбор на Граѓаните на Бардовци со министерот за правда во Владата на Република Северна Македонија, Бојан Маричиќ. Притисокот на бардовчани вроди со плод. Се боревме за иднината и сигурноста на нашите деца и успеавме во тоа. Среќа што конечно наидовме на слух од Владата и на денешната владина седница беше стопирана изградбата на Прифатниот центар за странци и ќе се бара ново место каде што тој ќе биде изграден – рекоа жителите на Бардовци.

Тие најавија дека утре, 27.10.2021 година, повторно ќе бидат пред влада, за да ја поздрават одлуката на Владата за дислокација на Центарот за странци од Бардовци.

Поврзани содржини