БАРДИ ПРЕД ТРАНСФЕР Олимпијакос на Лаванте ќе му плати 3 милиони евра плус бонуси

Олимпијакос изминатата сезона ја освои шампионската титула во Грција, но претрпе елиминација во Лигата на шампиони.

345

Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди е на чекор до трансфер во атински Олимпијакос, пренесуваат грчките медиуми повикувајќи се на информации од Шпанија.

Според медиумите, Олимпијакос за трансферот на Барди од Леванте е подготвен да плати 3 милиони евра плус дополнителни 1.5 милиони евра во бонуси.






Леванте изминатата сезона го загуби прволигашкиот статус, а Барди го врзува договорот со клубот од Валенсија до јуни 2024 година.

Олимпијакос изминатата сезона ја освои шампионската титула во Грција, но претрпе елиминација во Лигата на шампиони од израелски Макаби Хаифа и во продолжението ќе се обиде да обезбеди утешно место во групната фаза во Лига Европа.

Поврзани содржини