БАРДИ ОБЕЗБЕДИ МЕСТО ВО НАЈДОБРИОТ ТИМ ВО ШПАНИЈА Македонецот двапати го матираше Јан Облак
Барди беше двапати прецизен од белата точка, односно го матираше Јан Облак во 36 и 90 минута.
Со двата гола против Атлетико Мадрид, македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди заслужено се најде во најдобриот тим во Ла Лига..
Тој пред само неколку дена им се врати на клупските обрски по паузата по повредата, но веќе на вториот натпревар постигна два погодока и токму тој беше најзаслужен поради тоа што Леванти одигра без победник против шпанскиот првак Атлетико Мадрид (2:2).
Барди беше двапати прецизен од белата точка, односно го матираше Јан Облак во 36 и 90 минута.