БАРАВМЕ ПИВО, ЗАВРШИВМЕ СО ЛАВОВИТЕ ВО ПАЛАТАТА НА ШЕИКОТ Двајца Англичани ја доживеаја досега најлудата приказна од првенството (ВИДЕО)

Синот на шеикот ни покажа каде ги чуваат лавовите. Го почувствувавме нивното добредојде и едноставно не може да биде подобро од ова, изјавил Џон за talkSPORT.

526

Двајца англиски навивачи ја имаат најлудата приказна од Мундијалот за која сме сигурни дека уште долго ќе се раскажува. Имено, тие станаа хит на социјалните мрежи бидејќи барајќи пиво завршиле во палатата на Шеикот.

Таму биле „пречекани“ од мајмуни, лавови и егзотични птици. Алекс е навивач на Евертон, а за talkSPORT изјавил дека тој и пријателот Џон уживале во „потрагата по пиво“, пренесува БизнисТудеј.

 






– Само се забавувавме и се шегувавме. Уживавме и баравме пиво кога ги сретнавме, а тие ни рекоа „ќе организираме пиво“ – вели Алекс, додавајќи дека седнале во задниот дел од своето возило и завршиле во голема палата.

Џон, пријателот на Алекс, го пофалил гостопримството на домаќинот. Тој вели дека тие се сретнале со еден од синовите на шеикот кој ги однел низ палатата.

– Ни покажа каде ги чуваат лавовите. Го почувствувавме нивното добредојде и едноставно не може да биде подобро од ова – изјави Џон за talkSPORT.

Поврзани содржини