Веста дека израелската актерка Гал Гадот наскоро ќе ја глуми Клеопатра беше објавена во октомври, но незадоволството на дел од јавноста не запира. Израелската филмска ѕвезда Гал Гадот го бранеше својот план да ја игра Клеопатра, по обвинувањата дека толкува улога наменета на обоена жена.

Многумина негодуваат и се убедени дека тоа е продолжение на озлогласената холивудска традиција белите актери да играат ликови со различна боја на кожа, и тие тврдат дека токму тоа е направено кога на Елизабет Тејлор ѝ била доделена истата улога.

Гал Гадот одлучила да одговори на овие обвинувања со укажување дека египетската кралица најверојатно не била црна.

Во интервју за Би-би-си вели дека таа по потекло била Македонка. Со ова Гал им се спротивстави на обвинувањата на Египјаните, кои велат дека оваа улога треба да ја глуми арапска или африканска актерка.

– Најрпвин, ако ги сакате вистинските факти, тогаш Клеопатра била Македонка – рекла Гадот за Би-би-си Арабија и додала:

„Баравме македонска актерка која ќе се вклопи да ја игра Клеопатра, но не најдовме.“

Гадот додава дека има пријатели низ целиот свет, христијани, муслимани, атеисти, будисти, едноставно луѓето се луѓе, додала таа.

– Клеопатра е приказна што сакав да ја раскажам одамна. Не можев да бидам повеќе благодарна – рече таа

Клеопатра се смета за последен активен владетел на Птоломејски Египет, пред Рим да ја освои земјата. Потекнува од еден од генералите на Александар Велики, Птоломеј Први Сотер, кој владеел со Египет по смртта на Александар.