БАРАВ СЈО И ЈО ДА ПОКРЕНАТ ИСТРАГИ ЗА МЕНЕ Ахмети вели дека не знае колку чини маслото, за тоа била задолжена неговата сопруга

Јас мојата заработка и се што поседувам пријавувам во институциите. Што имам, тоа што ми оставил татко ми. Една куќа само направив во 2002/3 година, тогаш уште не бев корумпиран, рече низ смеа Ахмети.

924

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во вечерашното интервју на ТВ 21 рече дека барал и од СЈО и од ОЈО да отворат предмети за него и за ДУИ, но тие едноставно не отворале.

– Кај мене не е пријавен ниту еден случај на корупција во кој е вмешан член или функционер на партијата. Јас побарав во Специјалното обвинителство, верувајте, ова е од срце, побарав во Јавното обвинителство, господа, отворете истраги за ДУИ, за функционерите на ДУИ, од централно ниво до локално ниво, почнете од мене. Не сум побарал да се почне од другите, почнете од мене – вели тој.






На прашањето во врска со покачената цена на маслото за јадење лидерот на ДУИ одговори дека не знае колку чинат зејтинот и брашното бидејќи за тоа е задолжена неговата сопруга.

– Јас не знам ни која е цената на зејтинот, на брашното… Тоа го средува жена ми. Јас мојата заработка и се што поседувам пријавувам во институциите. Што имам, тоа што ми оставил татко ми. Една куќа само направив во 2002/3 година, тогаш уште не бев корумпиран – рече низ смеа Ахмети.

На прашањето зошто во Зајас нема канализација, Ахмети изјави дека луѓето секогаш се бореле за слобода и за права, а не за канализација.

 

Поврзани содржини