БАРАМЕ НАЧИН ЗА ИСКОРЕНУВАЊЕ НА НЕЛЕГАЛНОТО РАБОТЕЊЕ НА ПРЕВОЗНИЦИТЕ Бочварски тврди дека се одземаат дозволите каде што може
Министерот за транспорт убедува дека таму каде што согласно Законот Министерството може, веднаш ги одзема и лиценците и сите оние документи за кои компаниите немаат документација или прекршиле некаков член од законите.
Институциите бараат начин и решение за спречување на сите нелегални дејствија што ги вршат одредени превозници, изајви денеска министерот за транспорт Благој Бочварски, откако беше откриено дека уште еден автобус со фалсификувани документи ја напуштил државата превезувајќи патници.
– Како Министерство постапуваме секојдневно. Таму каде што согласно Законот можеме, веднаш ги одземаме и лиценците и сите оние документи за кои компаниите немаат документација или прекршиле некаков член од законите. Што се однесува до овој случај конкретно, Министерството за внатрешни работи постапи во негова ингеренција и се санкционираше еден ваков пример, што значи дека државата работи на сузбивање на сите овие појави кои се случуваат. Ние како Министерство продолжуваме со активна работа и борба против ваквите појави – рече Бочварски.