Ѝ БАРАЛ КОЛА И СТАН ЗА ДА НЕ ЈА УБИЕ!? Уапсен тетовец по пријава од партнерката

36-годишната жена од Тетово пријавила дека партнерот ѝ се заканува.

359

Полициски службеници од СВР Тетово го вчера го уапсил А.Д. (31) од тетовско, откако против него била поднесена пријава за сериозни закани кон неговата невенчана партнерка.

Според информациите од полицијата, 36-годишната жена од Тетово пријавила дека мажот ѝ се заканувал и од неа барал да му обезбеди стан и автомобил, заканувајќи се дека во спротивно ќе ја убие.






По пријавата, полицијата веднаш презела мерки и го привела осомничениот, кој во моментов е задржан во полициска станица.

Од СВР Тетово информираат дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини