БАРААТ УШТЕ ЕДНА ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СРБИЈА ВО МАРТ Вучиќ објасни зошто ги бојкотираше европратениците
Претседателот порача дека Србија останува на европскиот пат, но нема да дозволи „понижување од страна на европратеници“. Според него, нивната мисија во Белград има цел да подготви „уште една декларација против Србија“ која би се усвоила во февруари или март.
Српскиот претседател Александар Вучиќ повторно ја засили својата реторика кон дел од европратениците, нагласувајќи дека „сите во Србија знаат“ оти единствено го бојкотира Тонино Пицула, известувачот на Европскиот парламент за Србија.
Во интервју за ТВ Пинк тој изјави дека нема намера да разговара со Пицула и „луѓето како него“, бидејќи, според Вучиќ, тие не ѝ мислат добро на Србија. Изјавата следува по неговата средба со францускиот министер за Европа и надворешни работи, Жан-Ноел Бар.
– Нема да разговарам со такви луѓе. Нема да разговарам со оние кои го посакуваат најлошото за Србија – рече Вучиќ, пренесе „Данас“.
Тој објасни дека одлучил да го бојкотира и европратеникот Владимир Пребилиќ, кого го нарече „личен асистент на Драган Шолак“, но подоцна се извинил за изјавата.
Вучиќ повторно се осврна на одлуката и тој и премиерката Ана Брнабиќ да не се сретнат со мисијата на Европскиот парламент во Белград. Посочи дека европратениците не го координирале своето доаѓање со властите во Србија и дека веќе пет месеци има закажано средби во Давос, каде ќе се сретне со еврокомесарката за проширување Марта Кос.
Претседателот порача дека Србија останува на европскиот пат, но нема да дозволи „понижување од страна на европратеници“. Според него, нивната мисија во Белград има цел да подготви „уште една декларација против Србија“ која би се усвоила во февруари или март.