БАРА АЗИЛ ВО НОРВЕШКА Дезертира поранешниот командант на Вагнер

Андреј Медведев (26) минатиот петок ја преминал границата со Норвешка, каде што бил приведен од граничари.

516

Поранешниот командант на руската паравоена група Вагнер побара азил во Норвешка откако дезертираше од оваа платеничка единица. Андреј Медведев (26) минатиот петок ја преминал границата со Норвешка, каде што бил приведен од граничари.

– Тој во моментов се наоѓа во областа на Осло каде што се соочува со обвинение за нелегален влез во земјата – изјави неговиот адвокат Бринџулф Риснес за Би-Би-Си.






Адвокатот додаде дека неговиот клиент ја напуштил групата Вагнер бидејќи бил сведок на воени злосторства во Украина. Се верува дека неговото бегство е првиот познат случај на пребегнување на војник од групата Вагнер на Запад.

Поврзани содржини