БАНКРОТ НА „МОЦАРТ“ Славната австриска компанија остана без пари

Компанијата поднела барање до регионалниот суд за отпочнување на стечајна постапка. Стечајниот управник по именување од судот наскоро ќе донесе одлука каква иднина ја очекува компанијата.

808

Компанијата „Салцбург чоколада“ од Гредиг, Австрија, најпозната по производството на „Моцарт“ поднесе барање за стечај, со што беа загрозени 140 работни места. Од компанијата велат дека не се во можност да ги исплатат платите на работниците за ноември.

Австрискиот јавен сервис ОРФ известува дека компанијата поднела барање до регионалниот суд за отпочнување на стечајна постапка. Стечајниот управник по именување од судот наскоро ќе донесе одлука каква иднина ја очекува компанијата.






Фабриката „Салцбург чоколадо“ во Чешка останува отворена и продолжува нормално да функционира.

Пред седум години, група инвеститори го презедоа управувањето со компанијата која е основана во 19 век.

Светски познатите „Моцарт“ топчиња и други слатки, со кои ги забележаа најголемите продажни успеси, се произведуваат во Гредиг од 1948 година.

Поврзани содржини