📷 БАНКАТА ШТО ЈА КУПУВА СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ЌЕ ГРАДИ КУЛА ОД 35 КАТА ЗА СВОЕТО СЕДИШТЕ Дизајнот е на познатата фирма за архитектура и дизајн „Заха Хадид“
Според„Заха Хадид“, дизајнот на кулата „Алта“ ги отелотворува основните вредности на банката - „стабилност, безбедност и отпорност“ - обезбедувајќи бизнис основа подготвена за иднината што ги поддржува работните модели на 21 век, ги зближува луѓето и ја поттикнува соработката“.
Српската Алта Банка која ја купува Стопанска банка Битола ќе гради кула „Алта“ во Белград во која ќе биде новото седиште на банката заедно со станбени единици, канцелариски простор и трговски и угостителски објекти и нов јавен плоштад.
Кулата ќе има 35 ката, а дизајнот е на архитектите на познатата британска фирма за архитектура и дизајн „Заха Хадид“ (ZHA) и белградското биро „Биро Кјуб Партнерс“ (BCP).
Според„Заха Хадид“, дизајнот на кулата „Алта“ ги отелотворува основните вредности на банката – „стабилност, безбедност и отпорност“ – обезбедувајќи бизнис основа подготвена за иднината што ги поддржува работните модели на 21 век, ги зближува луѓето и ја поттикнува соработката“.
View this post on Instagram
Изградбата на кулата Алта на местото на сегашната зграда на Алта банка го илустрира нејзиниот вртоглав раст во последните години, пишуваат српските медиуми.
Алта банка постигна 22 пати поголем раст во 2023 година отколку во претходната година.
Сметките за електрична енергија се плаќаат преку Алта банка од ова лето, а нејзините шалтери се наоѓаат во полициски станици низ цела Србија.
Нејзиниот сопственик, Давор Мацура, започна со менувачници, а денес е сопственик на неколку компании. Пред три години, Неговата компанија, ABL Solvent, го презеде земјиштето на поранешниот IMT во Нов Белград за 70 милиони евра на кое се планира изградба на станбено-деловен комплекс „Зелена линија