БАНКАРИТЕ ЌЕ ДОНИРААТ ЗА СЕМЕЈСТВАТА НА НАСТРАДАНИТЕ ВО ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ Формираа фондација „Заедно за едно“

Од МБА информираат дека целта на основањето на Фондацијата е континуирана помош, а средствата ќе бидат наменети исклучиво за помош и поддршка во рехабилитацијата и медицинските третмани поврзани со последиците од пожарот, поддршка на менталното здравје на настраданите и на нивните семејства, како и поддршка во образованието и професионалната реинтеграција на настраданите.

97

Македонската банкарска асоцијација ја основаше фондацијата „Заедно за едно“ за помош и поддршка на семејствата на загинатите и на повредените во пожарот во Кочани што се случи на 16 март.

Од МБА информираат дека целта на основањето на Фондацијата е континуирана помош, а средствата ќе бидат наменети исклучиво за помош и поддршка во рехабилитацијата и медицинските третмани поврзани со последиците од пожарот, поддршка на менталното здравје на настраданите и на нивните семејства, како и поддршка во образованието и професионалната реинтеграција на настраданите.






– Нема зборови што можат да ја утешат тагата на оние што загубија свој најмил, нема доволно дела што можат да ја ублажат болката. Но, она што можеме да направиме е да помогнеме и да покажеме дека не се сами, и сега и во иднина – изјави Маја Стевкова Штериева, претседателка на Македонската банкарска асоцијација.

Парите ќе се обезбедуваат преку донации од банките, штедилниците, другите финансиски институции и донатори од редот на нефинансиски правни лица.

Поврзани содржини