Банкар починал од коронавирус додека бил во самоизолација, само два дена по појавата на симптомите

2,389

На банкарот Тим Гали во неделата му се појавило „скокоткање“ во грлото, откако излегол претходната ноќ, а потоа во понеделнико добил и температура.

Поради тоа одлучи да се изолира.






Трагично е тоа што веќе наредниот ден, во вторникот, во куќата било пронајдено неговото безживотно тело. Медицинските работници во заштитни одела морале да го изнесат од куќата.

Неговата девојка со скршено срце, Дона Катберт, вчера открила дека дури не можела ниту да го посети  пред неговата ненадејна смрт поради изолацијата поради коронавирусот.

– Како што му стануваше сѐ полошо и полошо, го замолив да повика брза помош, но тој постојано ми велеше дека е во ред, дека нема сериозни симптоми и дека брзата помош ќе биде премногу зафатена со грижата за другите луѓе – рекла Дона.

Таа изјавила дека тој дури ѝ рекол „не биди глупава“ кога му објаснила дека е загрижена дека нема да можат да се видат во текот на карантинот.

– Во вторникот наутро се испаничив, бидејќи Тим не ми ги возвраќаше на повиците. Го замолив соседот да провери. Го најдоа во креветот – додала скршената Дона.

Мајката на Тим рекла дека сега останала опустошена поради нејзината загуба – убедувајќи ги луѓето да ја слушаат Владата кога станува збор за советите за коронавирусот.

– Тим ги презема сите мерки на претпазливост, но сепак го доби овој вирус, срцето ми е скршено на ситни парчиња – рекла неговата неутешна мајка.

 

 

 

 

Поврзани содржини