БАМЈА ЗА УБАВА КОЖА, ЗА ЗДРАВЈЕ И ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЖЕЛБАТА ЗА СЕКС Сите придобивки од зелените месести мешунки
Бамјата се користи во исхраната со векови. Одлично делува на мазноста и затегнатоста на кожата, а тоа го знаела дури и Клеопатра. Поради нејзините афродизијачки својства била омилено јадење на беговите, за што најдобро сведочи познатата бегова чорба. Патем, имаме и добар рецепт
Бамјата е една од најстарите здрави намирници која на големо се враќа на менијата на многу кујни. Сепак, сè уште не го доживеала врвот на популарноста, а многу луѓе не ја сакаат заради слузот што го испушта.
Клеопатра ја употребувала за кожата, а беговите како афродизијак
Бамјата се користи во исхраната со векови. Одлично делува на мазноста и затегнатоста на кожата, а тоа го знаела дури и Клеопатра. Поради нејзините афродизијачки својства била омилено јадење на беговите, за што најдобро сведочи познатата бегова супа.
Ова повеќегодишно растение расте до еден метар во висина. Има долги ребрести плодови кои се лесно сварливи, сочни, пријатни и со малку опор вкус. За исхрана се користат само млади, недозреани плодови, кои се распаѓаат при варење, ослободувајќи мноштво ситни семчиња, исклучително богати со масти и протеини.
Повеќе за ова и рецепт за Бегова чорба, побарајте на порталот „Арт кујна“.