Италијанскиот фудбалер Марио Балотели е еден од најконтроверзните во светот на фудбалот, а со својата нова објава на Инстаграм повторно предизвика бројни реакции.
Популарниот „Супер Марио“ се пофали со дури пет нови тетоважи, од кои тре се направени на лицето.
Над окото ставил натпис „Црна моќ“. Лицето го украсил и со крст, горило и со буквата „М“, од двете страни на вратот.
Балотели во моментов е во потрага за клуб, откако пред неколку месеци доби отказ во Бреша.