Балотели прогласен за невин, малолетничката го уценувала

231

Канцеларијата на обвинителството во Ломбардија не најде кривично дело во постапките на 29-годишниот напаѓач на Бреша Марио Балотели, во случајот силување на малолетна девојка, објави „Спорт Медијасет“.

Додека настапуваше за Ница, напаѓачот се сретна со малолетна девојка која го увери фудбалерот дека веќе има 18 години (иако била на возраст меѓу 16 и 17 години). Откако стапи во врска со Марио, таа започна да го уценува. Девојката бараше 100 илјади евра во замена да не го пријави во полиција за сексуално насилство.






Полицијата ги потврди овие факти за уцените. Девојчето ќе биде обвинето за клевета и изнуда.

Поврзани содржини