Балканско сценарио во САД: Судири меѓу демонстранти и контра-демонстранти

Во раните вечерни часови, полицијата пријави најмалку десет апсења, од кои четири за поседување оружје.

711

Неколку часа откако десетици илјади приврзаници на американскиот претседател Доналд Трамп ја демонстрираа својата поддршка за претседателот во Вашингтон и протестираа против, како што рекоа, украдени избори, избија судири меѓу нив и контра-демонстранти.

Видеа поставени на социјалните мрежи покажуваат насилство кое изби по улиците во ноќта.






Вашингтон пост објави дека маж бил прободен со нож.

Во раните вечерни часови, полицијата пријави најмалку десет апсења, од кои четири за поседување оружје.

Првите извештаи беа дека вчерашните протести биле генерално мирни, со исклучок на изолирани случаи на насилство и конфронтација меѓу демонстрантите кои го поддржуваат Трамп и контра-демонстрантите.

Поврзани содржини