ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН ДА СЕ ПОМИРАТ МЕЃУ СЕБЕ Шолц најави три нови договори за кои ќе се разговара во Берлин

Според германскиот канцелар, „во моментот на бруталната војна на Русија против Украина, време е да се надминат внатрешните конфликти" на Западен Балкан.

145

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска во Берлин изјави дека сите земји од Западен Балкан се дел од слободна и демократска Европа и дека заедничка работа на Европската унија и регионот е ветената европска иднина да се претвори во реалност.

На отворањето на самитот во рамките на Берлинскиот процес, Шолц рече дека денешната средба е можност да се разговара за многуте предизвици со кои се соочува Западен Балкан.






Тој изрази уверување дека Берлинскиот процес не само што може да го ослободи потенцијалот на регионот, туку и да го забрза неговиот пат кон Европската унија.

Според германскиот канцелар, „во моментот на бруталната војна на Русија против Украина, време е да се надминат внатрешните конфликти”.

Шолц рече дека на денешниот самит на шефови на влади од Западен Балкан и претставници на ЕУ ќе се разговара за три договори кои се исклучително важни за градење и интегрирање на заедничкиот регионален пазар.

Според него, ова е важно за олеснување на контактите во регионот во најширока смисла и за градење интегрирана иднина без внатрешни граници.

Тој додаде дека важно прашање ќе биде енергетската безбедност, за што, како што рече на 24 октомври на состанокот на Берлинскиот процес, разговарале и министрите за енергетика.

Тој повтори дека на 20 октомври, во форматот на Берлинскиот процес, министрите за внатрешни работи разговарале за исто така важното прашање за илегалната миграција и шверцот на луѓе.

Нагласувајќи дека денес ветувањата за Западен Балкан се даваат со чувство на итност, Шолц рече дека граѓаните од регионот можат да сметаат на Германија и на Берлинскиот процес.

Поврзани содржини