Балкански рис сликан на Галичица

Сликана е една единка која се движела во близина на оградата  на Репродуктивниот центар за елени.

972

По пауза од неколку децении, повторно е евидентирано присуството на балканскиот рис во Национален парк „Галичица“ информира на својата Фејсбук страна Националниот парк Галичица.

Според информацијата, со една од фотозамките сликана е една единка која се движела во близина на оградата  на Репродуктивниот центар за елени.






„По пауза од неколку децении, повторно е евидентирано присуството на балканскиот рис во Национален парк „Галичица“. Една единка беше „заловена“ од фотозамки, покрај оградата на Репродуктивниот центар за елени на НП „Галичица“. Се надеваме дека оваа голема мачка ќе си го најде својот дом на оваа планина, а ние ќе продолжиме со нашите напори да го зачуваме неговото живеалиште“, пишува во објавата.

Еколозите велат дека ова е знак дека  Балканскиот рис се враќа во едно од приордните живеалишта.

Поврзани содржини