📽️ БАЛКАНОТ ПОД УДАР НА СТУД И ВЕТЕР Снег во Хрватска, бура на Јадранот
Силен студен бран носи ветер, дожд и снег низ Балканот со најголем удар во Хрватска. Петок се очекува како најтежок ден, додека во недела треба да има постепно зголемување на температурите и намалување на врнежите.
Нагла промена на времето го зафати Балканот. За разлика од Македонија кајшто уште се очекува заладувањето, во соседството студен бран веќе носи силен ветер, дожд и снег. Хрватска веќе активираше итни предупредувања, додека Србија и БиХ очекуваат влошување.
Во Хрватска се блокирани неколку автопати. Граѓаните утрово добија СМС-пораки преку системот СРУУК. Државниот хидрометеоролошки завод прогласи црвен метеоаларм за северниот Јадран и планините.
„Моментално нема слободен патен правец за камиони со приколки и влекачи со полуприколки од внатрешноста кон хрватското приморје и Далмација поради зимските услови на автопатот А6 Риека-Загреб, државниот пат DC3 низ Горски Котар, автопатот А1 помеѓу Оточац и клучката Свети Рок и DC1 низ Лика“,
На планините се формира снежна покривка. На Јадранот дува силна бура со оркански удари. Температурите во внатрешноста се меѓу 3 и 7 степени. Југот е потопол, но со грмежи и силно југо.
Brutal waves in Dubrovnik, Croatia on Nov 13th. Winds were exceeding 140 km/h! Thanks to Srecko Delalija Slim for the report – posted with permission. pic.twitter.com/wUmexz0N8D
— SWE | severe-weather.eu (@severeweatherEU) November 15, 2019
Во Босна и Херцеговина дождот најпрво ја зафати Краина. Потоа се шири кон остатокот од земјата. На повисоките места веќе има снег и лапавица.
Ветерот е умерен до силен, со повремени олујни удари. Подоцна се очекува да ослабе и да сврти кон запад. Во Сараево температурите се околу 8 степени. До крајот на денот, дождот ќе премине во лапавица.
Републичкиот хидрометеоролошки завод издаде предупредување. Од петок до недела се очекуваат обилни врнежи. Во рок од 72 часа може да наврнат од 40 до 80 литри дожд на метар квадратен. На планините се очекуваат 10 до 30 сантиметри нов снег.
Облаците веќе се движат од запад. Ноќеска ќе се прошират низ целата земја. Температурите ќе паднат, а дождот на планините ќе премине во снег.
Метеоролозите предупредуваат дека петок ќе биде најтежок ден. Се очекуваат силни ветришта и зголемување на снежната покривка. Смирување се најавува од недела попладне кога врнежите ќе запрат, а температурите постепено ќе растат.