„Балкан бенд“ конечно го објавија хитот број еден за ова лето : Стихови и видео кои ќе ве воодушеват на прво слушање! (ВИДЕО)

Момците велат дека не се многу изненадени од реакцијата на публиката, бидејќи како што велат – дале се од себе и го искористиле својот максимум за да го добијат финалниот производ.

453

„Светско, а наше“ – барем таков е првиот впечаток на оние кои веќе го погледнаа новиот спот на добро познатата група „Балкан бенд“.

Станува збор за нова песна на момците, а нејзиниот наслов е „Железните пари бабини“ – нешто ново и поразлично од тоа што претходно бевме навикнати да го слушаме од нив.






Темата беше промовирана вчера, а реакциите барем досега се и повеќе од позитивини. Момците велат дека не се многу изненадени од реакцијата на публиката, бидејќи како што велат – дале се од себе и го искористиле својот максимум за да го добијат финалниот производ.

– Не радуваат коментарите на публиката. Спотот излезе вчера, а еве не престануваат да ни пристигнуваат пораки. Исто така ни пишаа и доста наши колеги, кои велат дека се пријатно изненадени. Се надеваме дека песната и спотот ќе допрат до публиката, бидејќи ова што го слушате и гледате е направено со многу труд и премногу љубов – велат членовите на бендот.

Едни од „виновниците„ за сето ова да изгледа, а нормално и да звучи вака се авторите на песната, а тоа се: Горан Јовановски – Топче кој го напиша текстот и ја направи музиката, потоа Дејан Момироски кој беше задолжен за аранжманот, а аплаузите за ова прекрасно видео ги собра режисерот Даниел Јовески, кој уште еднаш покажа зошто е најбараниот режисер во нашата земја.

– Видеото всушност е една филмска приказна која ги отсликува стиховите кои ја следат самата тема. Многу веруваме во ова ново музичко парче со наш потпис – додадоа членовите од составот „Балкан бенд“.

Инаку бендот веќе има закажано доста настапи за ова лето низ клубовите во нашата земја, а се разбира, тие се едни и од најбараните кога станува збор за свадбените веселби и приватните забави.

Во продолжение погледнете го видеото за темата „Железните пари бабини“:

Поврзани содржини