🎥 „БАЛИСТИТЕ“ СКАНДИРАА ЗА ВРЕМЕ НА МОЛКОТ ЗА ЖРТВИТЕ ВО КОЧАНИ Шкендија ризикува долга суспензија

Според дисциплински правилник, Шкендија може да буде казнета од 4 до 12 натпревари без присуство на гледачи или со суспензија на теренот и со играње надвор од Тетово и парична казна од 5.000 евра. Се очекува реакција од Шкендија, во која клубот ќе се огради од навивачите и од нивното однесување, а веројатно дисциплинската комисија ќе реагира до крајот на неделата.

2,428

Македонската фудбалска јавност е згрозена од непочитувањето на едноминутното молчење како спомен за жртвите во трагедијата во Кочани, на натпреварот Шкендија – Брера во Тетово. И додека фудбалерите, стручните штабови и судиите го испочитуваа молкот за жртвите, тоа не беше случај со „Балистите“, кои навиваа и свиреа за време на молкот, објави Гол.

Оваа постапка делегатот Гоце Шопоски од Струга ја внесе во записникот, а по прегледување на ТВ-снимката организаторот ризикува жестока казна.






Според дисциплински правилник, Шкендија може да буде казнета од 4 до 12 натпревари без присуство на гледачи или со суспензија на теренот и со играње надвор од Тетово и парична казна од 5.000 евра. Се очекува реакција од Шкендија, во која клубот ќе се огради од навивачите и од нивното однесување, а веројатно дисциплинската комисија ќе реагира до крајот на неделата.

До крајот на сезоната остануваат уште осум кола, а Шкендија има уште четири домашни натпревари во ПМФЛ и еден натпревар во Купот.

Видеото на кое се гледа како „Балистите“ викаат додека останатите молчат во чест на жртвите, можете да го погледнете тука.

Поврзани содржини