Бактерии кои го штитат организмот

505

Модерниот начин на живот, брзиот ритам, нередовната исхрана, но и лошиот квалитет на храна прави сѐ повеќе да сме свесни за потребата за одржување на нашето здравје и здравјето на нашите најблиски.

Уште во 400 година пред нашата ера Хипократ ја поставува тезата „смртта спие во цревата“. Теза која и ден-денес стои како вистинита во поглед на целокупната состојба на човековото здравје. Имунитетот и метаболизмот се „движени“ од состојбата и „добрите“ бактерии кои се наоѓаат токму во гастро-интестиналниот тракт.






За „добрите“ бактерии пробиотици, пребиотиците и симбиотиците и нивната улога во подигнување на имунитетот на бебињата, децата и возрасните разговаравме со магистер  фармацевтски специјалист Сузана Петровска.

Која е разликата помеѓу пробиотик, пребиотик и синбиотик и зошто да ги користиме?

– Пробиотиците, т.е. живите микроорганизми (бактерии и квасец), кога се земаат во доволни количини имаат позитивен ефект врз нашето здравје. Може да содржат различни пробиотични култури или мешавини на неколку бактериски култури. Пробиотиците мора да бидат формулирани така што пробиотичните/штамови содржани во нив остануваат отпорни на дејството на желудочната киселина и жолчните соли, со цел да се достигне до цревниот тракт во доволна количина за да го извршат својот ефект.

Имено, нашиот дигестивен систем е сложен систем во кој домаќинот и цревната микрофлора живеат во рамнотежа. Микрофлората е важна за регулирање и развој на функцијата на имунолошкиотт систем, заштита од инфекции, одбрана од алергени и патогени. Нарушување на микрофлората може да се случи како резултат на: болест, стрес, под дејство на лекови (првенствено антибиотици), алергии, внес на прекумерни дози на алкохол… Кога балансот е нарушен, пробиотиците доаѓаат во наша помош!

Пребиотиците, од друга страна, не се живи организми, туку супстанции што човечкиот организам не ги разградува. Нивното разградување започнува дури во дебелото црево под влијание на бактерии. Нивните разградни продуктиги ги уништуваат патогените организми и го стимулираат растот на нормална цревна флора.

Најпознат пребиотик е инулинот. Инулин е полисахарид составен од Д-фруктоза и мала количина (2-3%) на Д-гликоза. Инулинот го стимулира растот на бактериите за млечно-киселинско вриење (пробиотици). Поради невозможноста за варење на инулинот во желудникот и тенкото црево, неговото влијание врз нивото на шеќер во крвта е минимално, затоа што не се распаѓа во моносахариди, така што може да го користат и дијабетичари. Инулинот ја подобрува апсорпцијата на калциум во организмот. Додека пак синбиотик, релативно нов термин, е комбинација на добро познати пробиотици и пребиотици.

Кои се придобивки од користење на синбиотик?

– Земањето синбиотици придонесува за урамнотежена цревна микробитика, спречува запек и дијареја, влијае на имунолошкиот систем и придонесува за намалување на канцерогени материи во цревата. Синбиотиците исто така имаат и антиалергиско дејство и придонесуваат во спречувањето на развој на остеопороза, како и за намалување на количината на маснотии и шеќер во крвта. Како би се овозможил позитивен ефект од земањето на синбиотици, неопходно е синбиотиците да содржат барем неколку грама пребиотици и докажани ефективни концентрации на пробиотици.

Пробиотиците, пребиотиците и синбиотиците помагаат да се воспостави природна рамнотежа помеѓу „добрите“ и „лошите“ бактерии, преку поддршка на растот и репродукцијата на добри бактерии во цревата, кои според дефиницијата на Светската здравствена организација (СЗО) имаат поволни ефекти врз здравјето на домаќинот. Синбиотикот е чекор над пробиотикот, бидејќи синбиотикот е комбинација на добри бактерии и добра храна за бактерии.

Како да го направиме најдобриот избор на синбиотик?

– „Повеќе“ не значи секогаш „подобар“, што се однесува до бактериите што ги има во купениот  пробиотик. Наместо тоа, важно е да се земат предвид специфичните пробиотични видови (штамови) кои се вклучени во купениот пробиотик. Најважно е тие да работат енергично за да има ефект. Една мултибактериска формула ќе биде поефикасна ако ги содржи оние бактерии од природата која што содејствува со местото каде што живееме. Препаратите од палетата Lactoflor Bio Plus за возрасни и деца, содржат штамови за кои клинички е докажано дека имаат синергистичко дејство и делуваат под одредени услови.

Доколку сакате да пронајдете висококвалитетен додаток што делува и работи за повеќето луѓе, препорачуваме да ги барате од овие 7 најдобри пробиотични штамови за целокупното здравје: Lactobacillus acidophilus, Lactobacillus bulgaricus, Lactobacillus rhamnosus, Bifidobacterium bifidum, Bifidobacterium longum, Bifidobacterium infantis, Streptococcus thermophilus.

BioPlus и Kids содржат и природни пребиотични – влакна (инулин) олигофруктоза, кои обезбедуваат корисен ефект врз активноста на корисни бактерии и помагаат да се зголеми нивниот број до 10 пати. Тие помагаат во прочистување и детоксикација на телото.

Производите од Lactoflor Bio Plus не содржат додадени конзерванси, бои, засладувачи и ГМО.

Дали се препорачува пиење на синбиотик на целото семејство, превентивно, во ситуација на терапија и доколку еден член прима терапија?

– Експертите тврдат дека оптималната количина на консумирани пробиотици зависи од типот на пробиотик, но генерално се верува дека препорачаната дневна доза е најмалку една милијарда (109) пробиотични бактерии. Дозирната единица, која се нуди во пробиотичен производ мора да биде таква што ќе обезбеди нејзина стабилност со текот на времето и да ги задоволи индивидуалните потреби на корисникот. Lactoflor Bio Plus е достапен во капсули прашок за деца. Kапсулите кои се употребуваат при желудочни проблеми DR капсули, кои што го задржуваат својот интегритет во желудникот, на тој начин што ги заштитуваат пробиотичните микроорганизми од агресивната гастрична средина, а ја ослободуваат нивната содржина само кога ќе влезат во цревата, каде што бактериите можат да ја покажат својата биолошка активност. Концентрацијата на пробиотични микроорганизми во капсулите и таблетите Lactoflor Bio Plus е доволно висока за да го обезбеди потребниот дневен внес на 1-2 капсули / таблети на ден, со што се задоволени потребите.

Lactoflor Bio Plus наоѓа своја примена при проливи предизвикана од антибиотици, проливи при патување, проливи кај децапредизвикана од ротавирус, улцеративен колитис, Кронова болест, синдром на нервозно црево, проливи предизвикана од храна, инфекции на Хеликобактер пилори, алергии подобрување на метаболизмот на лактоза, зајакнување на имунолошкиот систем, лекување на дигестивни заболувања (на пр. хронично воспалително црево) и алергиски заболувања (на пр. атопичен дерматитис), па дури и астма, малигни болести (спречување на рак на дебелото црево), како и постоперативно и при примање на хемотерапија. Друг начин на дејствување е зајакнување на имунитетот, преку имуностимулација предизвикана од навлегување на пробиотични бактерии.

Додавањето пребиотици во формулите за новороденчиња помага во колонизирање на цревата на новороденчето со добри бактерии, додека пробиотиците додадени во формулите го зајакнуваат имунитетот на новороденчето. Децата кои се доени со мајчино млеко, природно стекнуваат заштита. Важноста на пребиотиците и пробиотиците врз имунитетот кај новороденчињата е особено изразена кај деца родени од царски рез.

Повеќе за самите производи Lactoflor можете да прочитате на http://www.kendy.mk/kendy-blog/ и можете да ги набавите во сите подобро снабдени аптеки низ државата.

Поврзани содржини