БАКТЕРИЈА НАЈДЕНА КАЈ ВРАБОТЕНА ВО „ДИМО ХАЏИ ДИМОВ“, НОРОВИРУС КАЈ ЕДНО ОД ДЕЦАТА Испитувањата траат, се спрема вонредна дезинфекција

Едно од донесените деца е сестричка на едно од овие пет деца коишто веќе претходно лежеа таму и кај токму таа особа е присутен, т.е. испитан и докажан норовирус во фецес. Таа соопшти дека по координација со Центарот за јавно здравје разговарале дека постојат епидемиолошки индикации за вонредна дезинфекција во училиштето и тие веќе се подготвуваат и екипа од ЦЈЗ ќе изврши вонредна дезинфекција во училиштето најбрзо што може.

3

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска во изјава за медиумите попладнево истакна дека сè уште не може целосно да се заклучи од што е пожалувањето на стомачни тегоби кај децата од ООУ „Димо Хаџи Димов“ во Општина Карпош, бидејќи сè уште траат испитувањата. Но досега, како што потенцира, кај носот на една вработена најден е Стафулококус ауреус.

Таа потенцира дека на три чешми се најдени бактерии од групата Ентеробактериаце грам-негативна бактерија. Кај едно од децата засега е најден норовирус.






Андоновска информира дека досега имаат 29 пријави и плус една наставничка која се пожалила на стомачни тегоби. Потенцира дека во Детската клиниката биле сместени пет дечиња, а денеска се донесени плус две деца. Информира дека сите деца се во добра здравствена состојба и се стабилни.

Едно од донесените деца е сестричка на едно од овие пет деца коишто веќе претходно лежеа таму и кај токму таа особа е присутен, т.е. испитан и докажан норовирус во фецес. Таа соопшти дека по координација со Центарот за јавно здравје разговарале дека постојат епидемиолошки индикации за вонредна дезинфекција во училиштето и тие веќе се подготвуваат и екипа од ЦЈЗ ќе изврши вонредна дезинфекција во училиштето најбрзо што може.

Андоновска нагласи дека за да утврдат за што станува збор, ќе треба да се направат одредени иследувања и да заврши целокупната анализа, за да се добијат резултатите од сите земени примероци и од сите оние коишто им стигаат и во текот на денешниот ден, како од децата кои се на домашно лекување, така и од децата кои се на Детската клиника.

Директорката на ИЈЗ истакна дека од земените брисеви од работните површини, од кваките, од чешмите, од садовите во кои јаделе и од пултот, од девет земени површини три се веќе позитивни, те. позитивни се чешмите. Потенцира дека на овие површини најдени се бактерии од групата Ентеробактериаце.

– Тоа се грам-негативни бактерии коишто исто така можат да дадат ваква симптоматологија како што има клиничка слика на веќе заболените. Значи, тие можат да дадат ваква клиничка слика и укажува на нехигиена. Едната чешма е во кујната другите две се во училница. Што значи, од девет земени предмети, на три веќе сме нашле. Тоа по рандом се зема. Но, штом е најдено веќе на три површини тоа значи циркулирање и на другите кваки и чешми. Понатака, од три вработени во кујната земени се брисеви од раце, тие се микробиолошки во ред. Земени се брисеви од нос и од грло. Исто така, од овие три вработени, за две брисевите од нос и грло се во ред микробиолошки, но кај едната од вработените во носот е најден Стафулококус ауреус, којшто исто така може да даде ваква симптоматологија, ваква клиничка слика кај оние коишто чувствуваат тегоби во моментот. Вода е земена од шест чешми, испитана е микробиолошки, и испитана физичко-хемиски и испитана е за тешки метали. Досега микробиолошки морам да кажам дека задоволува водата, но сепак ќе почекаме бидејќи по протокол е уште еден ден да почекаме за да бидеме сигурни во резултатот. Ќе чекаме уште еден ден за водата микробиолошки, таа засега е во ред. Физичко-хемиските анализи се завршени и не покажуваат отстапувања од референтните граници. Исто така, водата од шесте примероци е испитана и за тешки метали, каде што исто така не ни укажува дека има присуство на тешки метали. Ова зборувам за оние материјали коишто се земени завчера – рече директорката и потенцира дека оние мостри кои се земени во текот на вчерашниот сè уште мора да се обработуваат.

Освен овие земени мостри, на инсистирање на Институтот, во соработка со Детската клиника побарале дополнителен материјал од фецес и брисеви од грло и нос од децата сместени во болница. Засега до нив пристигнале материјали за две дечиња од фецес, каде што едно од децата е позитивно на норовирус.

– Норовирусот исто така може да даде клиничка слика како што имаат тегоби, а од друга страна информирана сум дека е вирус којшто се пренесува многу лесно и долговреме перзистира на работните површини, масички и столчиња. Земените брисеви од грло и нос, од пет деца, во текот на вчерашниот ден, се негативни за ковид инфлуенца, а чекаме резултати за други вируси. Воедно, во комуникација со Центарот за јавно здравје, бидејќи денеска се пријавени нови случаи на деца коишто покажуваат иста клиничка слика како и претходните, епидемиологот од Центарот за јавно здравје ги препраќа децата, сите оние што сакаат родителите да донесат материјали во Институтот за јавно здравје денеска до крајот на денот, до седум часот. Но ќе работиме како Институт и во текот на утрешниот ден – рече Андоновска.

Од досега изработени резултати од земените мостри покажуваат дека млекото, муслите и кроасанот засега микробиолошки ги задоволуваат условите.

– Завчера беа земени материјали од храната којашто децата ја јаделе. Тоа се оние мостри коишто ни ги оставиле во кујната, не ја земавме директно баш од храната, бидејќи мора да се знае точно како е дојдено до оваа ситуација, што точно испитуваме. Земено беше неколку примероци од храна. Потоа земени беа мостри од работни површини од целото училиште, и од кујната, и од училниците и од тоалетите. Понатаму беа земени мостри и од водата. Од она што досега го изработи Институтот за јавно здравје, можам да кажам дека млекото, муслите и кроасанот засега микробиолошки ги задоволуваат условите. За мусаката се уште се работи и денеска до 16 часот ќе имаме и резултати и за мусаката – рече таа.

Андоновска нагласи дека ИЈЗ ќе иницира промена на законски и подзаконски решенија за унапредување на хигиената и состојбата во градинките и училиштата.

– Морам да потенцирам уште една работа. Веќе како Институт инициравме промена на одредени законски и подзаконски решенија коишто ќе ги ставиме и на јавна дебата, ќе ги предложиме како Институт коишто ќе значат унапредување на хигиената и состојбата со безбедноста на храна во овие најсензитивни институции како што се градинките, училиштата. И навистина тука кога станува збор за јавното здравје на луѓето особено на децата тука нема компромис. И ние ќе инсистираме да бидат направени решенија коишто ќе ни донесат поголема безбедност во овие институции – рече таа.

Директорката на ИЈЗ соопшти дека во текот на вчерашниот ден земени се примероци од кујните на девет други училишта и оти резултатите се уште се работат.

– Не можеме да ви дадеме информација, бидејќи дел од кујните во училиштата вчера биле заклучени во текот на вчерашниот ден не се успеало да се влезе. Од она што ми го имаат кажано како информација дека од секаде не е земено. И во текот на денешниот ден, беа екипи на терен од Институтот за јавно здравје, Центарот за јавно здравје, ДСЗИ и Агенцијата за храна. Сепак, како заклучок од сето ова, мислам ќе треба да се доработат сите овие земени материјали за да можеме да донесеме еден целосен заклучок, рече директорката на ИЈЗ – Марија Андоновска.

Таа апелира на зголемена хигиена во училиштето, да се набават нови дезинфициенти и сапуни. Препорача децата со симптоми да останат се уште дома. Доколку има влошување на клиничката слика, да се јават во Центарот за јавно здравје, но пред сè кај нивните матични доктори, за да можат да бидат пратени на понатамошни иследувања.

Поврзани содржини