БАКНЕЖ И УБОД ОД ПАЈАК ВО МЕТАВЕРЗУМОТ Веќе е возможно, еве како работи новата технологија (ВИДЕО)

Направата не е доволно силна да симулира шлаканица или посилен удар, но може да ви го долови пиењето голтка кафе, вдишувањето дим од цигара или дури четкањето заби, како што е прикажано на видеото. Новата технологија би можела да им помогне на заболекарите, односно на студентите кои се на пракса за да станат ортодонти.

128

Нов „гаџет“, односно нова направа која се прикачува на очилата за виртуелна реалност може да направи да искусите бакнеж во Метаверзумот, или можеби пајак кој шета по вашите усни, пишува Футуризам. Вивиен Шен, девојката која стои зад проектот, инаку студентка по роботика на Карнеги Мелон, вели дека засега можни се мали, но прилично вистинити сензации.






– Не можете да создадете голема количина на чувства. Затоа сите наши сензации за пример се многу мали како пајак кој оди по твоето лице или нешта како ветер и дожд – вели Вивиен за порталот ДаБист.

Направата не е доволно силна да симулира шлаканица или посилен удар, но може да ви го долови пиењето голтка кафе, вдишувањето дим од цигара или дури четкањето заби, како што е прикажано на видеото. Новата технологија би можела да им помогне на заболекарите, односно на студентите кои се на пракса за да станат ортодонти.

Уредот работи на тој начин што ја бомбардира долната половина од вашиот изглед со безопасни ултразвучни бранови од 64 мали трансдуктори, создавајќи „доволно притисок за да ви ја набие кожата“, објаснува Шен кој е коавторка на трудот што допрва треба да се рецензира.

– Она што се чувствува е мал вибрирачки јазол во просторот – додаде таа.

Сега за сега, рано е да се зборува за широка употреба на оваа технологија. Но, којзнае, можеби во иднина ултразвучните бранови ќе бидат составен дел на секои ВР-очила или на секој гејмерски сет.

Поврзани содржини