БАКА ПРАСЕ СЕПАК СЕ ВРАТИ ВО СРБИЈА И НА ЈУТЈУБ Но, му се случи нов малер

Богдан од социјалните мрежи ги тргнал фотографиите со својата девојка Ања, а таа се фотографирала сама во својот дом и тоа го објавила на нејзиниот профил на Инстаграм.

688

Според објавите на социјалните мрежи, јутјуберот Богдан Илиќ, познат како Бака Прасе, повеќе не е во емотивна вркса со Ања Благојевиќ.

Имено, јутјуберот со својата девојка заминал во Холандија поради лошите коментари и закани што ги добивал по смртта на неговата колешка Кристина Кика Ѓукиќ која си го одзеде животот, а потоа ненадејно се вратил во Белград. Сепак, се чини дека не било сè по планот.






Имено, Богдан од социјалните мрежи ги тргнал фотографиите со својата девојка Ања, а таа се фотографирала сама во својот дом и тоа го објавила на нејзиниот профил на Инстаграм.

Богдан потоа напишал и порака за сите на социјалните мрежи и истакна дека имал тежок период.

„Забележав дека на некои мои колеги им е многу жал што не пропаднав по целата ситуација што се случи минатиот месец, а сега бидејќи мислат дека сум долу, сакаат да ме шутираат за да не можам да станам. Да, паднав во глава, размислував да се откажам, но по сите ваши пораки за поддршка, решив да се вратам, со два клипови, и тоа од по милион прегледи. Тоа им ги бодеше очите на тие колеги затоа што мислеа дека ми дошол крајот. Немате поим од животот, колку е тешко да издржиш сѐ што ми се сервира, но и понатаму го вперувате прстот затоа што суетата ве уништува, а не знаете кога сте се родиле“, напишал Бака и додаде:

„Оваа година ми заврши страшно лошо и напорно, почна уште полошо и потешко… Ќе објавам утре зошто да не „црнеам“ премногу сега…“

Поврзани содржини