Бах: Не е опција откажувањето на Олимпијадата
Тој упати совет до спортистите да ги почитуваат мерките на нивните влади и дека ИОК е посветен на здравјето и спречување на ширењето на вирусот.
Меѓународниот олимписки комитет (МОК) разгледува различни сценарија за Олимпијадата во Токио, но откажувањето не е меѓу нив, изјави денеска претседателот на организацијата, Томас Бах.
– ИОК и Владата на Јапонија во средата објавија дека подготовките за Игрите одат според планот и се очекува да започнат навреме. Се разбира, гледаме во различни сценарија, но за разлика од другите спортски организации или професионални лиги, имаме уште четири и пол месеци пред да започнат Игрите – изјави Бах за „Њујорк Тајмс“.
Тој упати совет до спортистите да ги почитуваат мерките на нивните влади и дека ИОК е посветен на здравјето и спречување на ширењето на вирусот.
– Нема да шпекулирам, но тоа го должиме на сите, откажување на Олимпијадата не е планирано – додаде Бах.