БАГЕРИ ЌЕ ЗАТРОПААТ ПРЕД ДИВОГРАДБАТА НА ШИЛЕГОВ По изборите ВМРО-ДПМНЕ ќе го реши молкот на инспекторите

Да беше дивоградба на обичен граѓанин досега ќе беше срушена, но кога станува збор за функционер на СДСМ инспекторите никаде ги нема.

1,435

Зградата дивоградба на Шилегов ќе биде урната веднаш по смена на власта, општеството треба да се исчисти од криминалци. Институциите со денови молчат за луксузната дивоградба на Петре Шилегов, порачува ВМРО-ДПМНЕ.

– Да беше дивоградба на обичен граѓанин досега ќе беше срушена, но кога станува збор за функционер на СДСМ инспекторите никаде ги нема. Институциите се неми пред криминалот на градоначалникот во заминување Петре Шилегов. Дваесетина дена јавно се посочува дека Петре Шилегов менува документи во Катастар во неработен ден во сабота – се вели во реакцијата на опозициската партија






ВМРО-ДПМНЕ посочува со денови дека Петре Шилегов пријавил имот изградена луксузна вила од 300м² со 4 пати помала вредност.

– Дваесетина дена секој ден јавно се посочува дека Петре Шилегов има коли од 130.000 евра, кои што не се пријавени во анкетниот лист. Освен што институциите молчат, дури и Петре Шилегов се крие од камери и бега од одговори. Јавното обвинителството мора да почне да работи по допрен глас. А, молчењето на институциите единствено значи соучество и злоупотреба. Петре Шилегов е веќе завршена приказна. Шилегов не смее да избега од одговори и одговорност – вели ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини