БАФТА 2026: ОЧЕКУВАНИ, АМА И НЕОЧЕКУВАНИ НАГРАДИ Британецот Роберт Арамајо ги победи Леонардо Дикаприо, Итан Хоук и Тимоти Шаламе

Битката за најголемата филмска награда во Велика Британија ја доби филмот „Една битка по друга“ на Пол Томас Андерсон, а најголемо изненадување, според нас, сосема оправдано, беше британскиот актер Роберт Арамајо кој во категоријата за најдобар актер ги победи Леонардо Дикаприо, Итан Хоук и Тимоте Шаламе

1

Деветтата по ред BAFTA церемонија се одржа на 22 февруари 2026 година во Кралскиот фестивалски дом во Лондон, а домаќин беше актерот и водител Алан Куминг.

Битката за најголемата филмска награда во Велика Британија ја доби филмот „Една битка по друга“ на Пол Томас Андерсон. Тој освои шест BAFTA награди, вклучувајќи Најдобар филм, Најдобар режисер, Најдобро адаптирано сценарио, Најдобар спореден актер, Кинематографија и Монтажа. Филмот беше дефинитивно, победник на вечерта, што веројатно им дава на оние што ја проценуваат трката за претстојните награди на Оскар, некаква индикација за тоа како би можеле да се наклонети гласачите на Оскарите.






Најголемото изненадување сепак беше британскиот актер Роберт Арамајо кој ја освои наградата EE Rising Star, а во категоријата за најдобар актер ги победи Леонардо Дикаприо, Итан Хоук и Тимоте Шаламе. Арамајо ја игра главната улога во филмот „I Swear”, посветен на животот на активистот за права на лица со Туретов синдром, Џон Дејвидсон.

„Sinners” на Рајан Кулер напиша историја со три победи, станувајќи најнаградуваниот филм на BAFTA од режисер со афроамериканско потекло, освојувајќи награди за Оригинално сценарио, Најдобра споредна актерка за Вунми Мосаку и Оригинален саундтрак за Лудвиг Горансон. Три статуетки и историски момент за афроамериканската кинематографија.

Од машките актери, Шон Пен ја доби наградата за најдобра споредна улога и таа, како и наградата на Вунми Мосака беа нивните први филмски награди БАФТА, победувајќи ги фаворитите Стелан Скарсгард и Тејана Тејлор.

Џеси Бакли ги оправда очекувањата и ја освои својата прва БАФТА награда за најдобра женска улога за нејзината моќна улога во „Хамнет“, кој исто така победи во категоријата Истакнат британски филм.

„Франкенштајн“ од Гилермо дел Торо освои три награди. Иако Џејкоб Елорди остана без наградата за најдобар спореден глумец во силната конкуренција, филмот беше препознаен во техничките категории, освојувајќи награди за најдобар костим, сценографија и шминка и фризура. Наградите за визуелни ефекти и звук им припаднаа на „Аватар: Оган и пепел“ и „Ф1: Филмот“.

Најголем губитник на вечерта беше „Марти Суприм“, филмот со најмногу номинации што заврши со празни раце.

Наградата за извонреден дебитантски британски филм им припадна на Акинола Дејвис помладиот и Вејл Дејвис за „Сенката на мојот татко“. Посебно признание им беше доделено и на Клер Бинс, креативна директорка на Picturehouse Entertainment, за нејзиниот извонреден придонес во британскиот филм, и на претседателката на Universal Pictures, Дама Дона Ленгли-Шамшири, која доби стипендија на БАФТА, награда за животно дело.

Поврзани содржини