БАФЕТ СЕ ОСЛОБОДУВА ОД АКЦИИТЕ ВО „ЕПЛ“ Очекува ли „стариот лисец“ да пукне балонот на преценетите компании?

Во третиот квартал акциите на „Епл“ пораснаа за повеќе од 24%, давајќи му на Бафет можност да оствари дополнителен профит.

366

Еден од најпознатите инвеститори Ворен Бафет продолжува со продажба на својот удел во „Епл“. Тоа, според аналитичарите го покажува финансиски извештај на неговата компанија „Беркшир Хатавеј“ за третиот квартал.

Во него се се наведува дека трошковната вредност на неговите инвестиции во секторот за производи за широка потрошувачка се намалила за околу 1,2 милијарди долари во споредба со претходниот квартал.






Овој сегмент од портфолиото на компанијата се  состои главно од „Епл“, а падот укажува на понатамошна продажба на акциите на „Епл“.

Во третиот квартал акциите на „Епл“ пораснаа за повеќе од 24%, давајќи му на Бафет можност да оствари дополнителен профит.

Компанијата дополнително го намали својот удел во „Епл“ во вториот квартал од оваа година.

На крајот на јуни, „Беркшир“ сè уште поседуваше околу 280 милиони акции на „Епл“, во вредност од околу 57 милијарди евра, што сè уште беше најголемата единечна позиција во портфолиото.

Во текот на 2024 година, Бафет го изненади пазарот со голема распродажба на акциите на „Епл“, намалувајќи го уделот на „Беркшир“ за две третини – необичен потег за инвеститор познат по долгорочен пристап.

Бафет тогаш изјави дека продажбата е поврзана со даночни причини, но аналитичарите веруваат дека одлуката може да биде мотивирана и од високата проценка на „Епл“ и потребата од намалување на прекумерната изложеност. Во еден момент, „Епл“ сочинуваше повеќе од половина од инвестициското портфолио на „Беркшир“.

Компанијата на Бафет е нето продавач на акции 12 последователни квартали, а во третиот квартал собра повеќе од 6 милијарди евра во готово.

Поврзани содржини