Бафет: Доаѓа пандемија каква што не сме виделе порано

Милијардерот вели дека светот не е подготвен да се справи со нова вонредна состојба како нуклеарна, хемиска, биолошка и сајбер закана.

5,444

Американскиот ивестиционен гуру  Ворен Бафет неодамна во интервју за Си-Ен-Би-Си изјави дека доаѓа уште една пандемија кога може да биде полоша од ковид-19.

Бафет е уверен дека и покрај тоа што пандемијата е делумно совладана, светот не е подготвен да се соочи со нова вонредна состојба.






Него, како што вели, го загрижуваат и економските последици од ковид-19 пандемијата која најмногу гу погоди малите претпријатија.

– Милиони мали компании се ужасно погодени –  вели Бафет.

Од друга страна, големите компании работат прилично добро што ,според него, значи дека економското влијае е причично неусогласено.

Бафет смета дека,  сепак, не е се завршено.

Најмногу е загрижен за непредвидливоста. Тој признава дека и самиот преживеал моменти на финансиска неизвеснот бидејќи не знаел што ќе се случи со авиокомпаниите во сопственост на BNSF Рејлвеј и НетЏет.

– Сите знаеме дека постои нуклеарна, хемиска, биолошка и сајбер закана и дека општеството сè уште не е подготвено да се справи со тоа. Следува пандемија каква што не сме ја виделе порано – заклучува тој.

 

Поврзани содржини