БАДНИКОВА ВЕЧЕРА, ПОСНА ТРПЕЗА, РИБИ, ГРАВ?! Аман, доста со тоа што морало, а што не смеело да има на трпезата!

Бадник и Божиќ! Ете дојдоа и тие и сѐ е исто како „лани“, слики од трпези, демек посни, огнови, теревенки, загадување на воздух, па после Божиќни ручеци, печење, колачи, па мудрување по социјалните мрежи кој го прави тоа правилно, а кој погрешно, па и моите текстови по овој повод се такви, тоа па тоа. Всушност, повеќето луѓе немаат поим што значат овие празници! Сепак, никој не може да им забрани да си ги тераат обичаите. Ама доста веќе со тоа што мора, а што не смее да има на трпезите!

650

Ете дојдоа и овие последни големи празници за зимава, Бадник и Божиќ! Незнам дали е за радување (затоа што, нели, секогаш може да биде и полошо) или за тагување, ама сѐ е исто како и секоја година.

Иста сценографија, слики од трпези, демек посни, огнови, теревенки, загадување на воздух, па после Божиќни ручеци, печење, колачи, руска салата, па мудрување по социјалните мрежи кој го прави тоа правилно, а кој погрешно, па кој поубава фотка направил од сето ова, па сите нешто се залагаат за семејни вредности, за традиција и за вера.






А не е дека и моите текстови на темава се различни од оние „ланските“.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини