БАБАТА НАЦИСТКА КОНЕЧНО ОСУДЕНА ПО 81 ГОДИНА Дактилографката од Штутхоф била соучесник во 10.500 убиства

Жал ми е за сè што се случи. Жалам што бев во Штутхоф во тоа време - тоа е сè што можам да кажам, изјавил Фурхнер по 40 дена молк.

2,120

Германска дактилографка која на свои 18 години работела во нацистички концетрационен логор близу полскиот град Гдањск, беше осудена со условна казна од две години затвор. Ирмгард Фурхнер(97) мораше да избега од својот старечки дом, лани во септември, кога започна судењето за да ја најдат на улица во Хамбург, пишува Би-Би-Си.

Фурхнер се товари за соучество во убиствата на повеќе од 10.500 луѓе. Судијката рече дека таа иако била млада била целосно свесна за она што се случувало во кампот, каде се смета дека вкупно загинале 65.000 луѓе Евреи, заробени Полјаци, но и советски војници. Фурхнер работела две години во кампот и видела многу грозоморни нешта, вклучително и гасни комори.






Судот во Ицехо во северна Германија ги сослуша преживеаните од кампот, од кои некои починаа за време на судењето. Командантот на кампот Штутхоф, Пол-Вернер Хопе, беше затворен во 1955 година поради тоа што бил помошник при убиствата, но беше ослободен пет години подоцна.

Од 2011 година во Германија се водеа низа обвиненија, откако со пресудата на поранешниот чувар на нацистичкиот логор на смртта Џон Демјанјук беше преседан дека да се биде чувар е доволен доказ за да се докаже соучесништво во убиство или завера за убиство.

Таа пресуда значеше и дека на дактилографката Фурхнер може да ѝ се суди, бидејќи работела директно кај командантот на логорот, работејќи со преписката околу затворениците од Штутхоф.

Фурхнер 40 дена молчела на судењето за потоа да изјави:

– Жал ми е за сè што се случи. Жалам што бев во Штутхоф во тоа време – тоа е сè што можам да кажам – рече таа.

Историчарот Стефан Хордлер одигра клучна улога во судењето, а двајца судии го придружуваа при посетата на локацијата каде стоел логорот. Од посетата стана јасно дека дактилографката можела да види некои од најлошите услови во логорот од канцеларијата на командантот.

Историчарот обзнани дека 27 камиони-транспортери со 48.000 луѓе пристигнале во Штутхоф помеѓу јуни и октомври 1944 година, откако нацистите решиле да го прошират логорот и да ги забрзаат масовните убиства со употреба на гасот Зиклон Б.

Историчарот ја опишал канцеларијата каде Ирмгард работела како „мозокот“ позади сè што се случуваше во Штутхоф.

Претседавачкиот судија Доминик Грос изјави дека е „надвор од памет“ да се мисли дедка Фурхнер не можела да го забележи чадот и смрдеата на масовните убиства:

– Обвинетата можела да се откаже во секое време – рече судијата.

Јозеф Саломоновиќ, имал само шест години кога неговиот татко бил застрелан во Штутхоф во септември 1944 година. Тој отпатувал во Германија само за да даде исказ за судот.

– Таа е индиректно виновна – им рече тој на новинарите во судот минатиот декември – дури и ако само седеше во канцеларија и го стави својот печат на потврдата за смртта на татко ми.

Друг преживеан од Штутхоф, Манфред Голдберг, рече дека неговото единствено разочарување е во природата на казната.

– Веќе е неизбежен заклучокот дека 97-годишничката нема да биде принудеан да отслужи казна во затвор – така што тоа може да биде само симболична казна – изјави тој за Би-Би-Си.

– Но, должината на казната треба да одговара на страшниот факт дека сте биле соучесник во убиството на повеќе од 10.000 луѓе.

Поврзани содржини