Бабата на бебето кое почина во Швајцарија била позитивна, но си заминала од Инфективна

1,325

Бабата на десетмесечното бебе кое почина од компликации од инфекција од ковид-19, иако позитивна на коронавирусот на свое барање сакала да замине од Клиниката за инфективни болести, а дури по асистенција на Министерството за внатрешни работи соработувала за епидемиолошката анкета, информираше министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

– Бабата сакаше да замине од болница, констатирано е дека може да биде на домашно лекување. Имавме и уште еден таков пациент, кој доби решение за домашно лекување. Бабата не сакаше да соработува, и со асистенција на МВР, направена е анкета и според нејзиното кажување, од нејзините контакти во близина, никој нема добиено решение за самоизолација – рече министерот Филипче.

Поврзани содржини