Баба се пробудила откако била прогласена за мртва

Сепак, скоро седум часа подоцна, во 8 часот наутро, вработениот во мртовечницата бил шокиран кога ја пронашол Зинаида како лежи на подот.

597

Зинаида Кононова (81) имала операција на слепо црево, по што беше прогласена за мртва. Нејзиното семејство наскоро било известено за смртта и започнало со подготовките за погребот. На 14 август, околу 13 часот, бабата е пренесена во мртовечница во регионот Курск.

Сепак, скоро седум часа подоцна, во 8 часот наутро, вработениот во мртовечницата бил шокиран кога ја пронашол Зинаида како лежи на подот.






Се испоставило дека бабата не е мртва и дека се обидела да се симне од масата за обдукција, но паднала.

Возачот на брза помош, кој слушнал врева од мртовечницата, бил запрепастен кога го слушнал исплашениот глас на вработениот во мртовечницата како викал: „Бабо, легнете, бабо, останете мирни“.

Тој мислел дека вработениот полудел и почнал да зборува со мртвите луѓе, но кога влегол во собата и видел како пензионерката го држи за раката и бара помош, сè му било јасно.

Зинаида е пренесена во одделот за интензивна нега и нејзиното семејство било известено дека е жива и дека настанала грешка. Лекарите му рекле на семејството дека Зинаида била клинички мртва 15 минути, но дека „буквално се вратила од тој свет“.

Лекарот и анестезиологот на крајот признале дека ја испратиле Зинаида во мртовечницата еден час и 20 минути откако таа починала, наместо два часа како што е процедурата. Во меѓувреме, таа била пренесена во болницата во Курск на понатамошно лекување.

Семејството планира да ја тужи болницата.

Несреќната пензионерка на крајот почина, овој пат вистински, пет дена по „враќањето од мртвите“.

Поврзани содржини