Баба паднала од автобус на ЈСП, возач на тротинет заврши во болница

476

НАСТРАДА МОТОЦИКЛИСТ ВО ПРИЛЕП – На 21.09.2020 во 17.25 часот на регионалниот пат Прилеп-Битола мопед „томос” без регистарски ознаки, управуван од Д.Н.(66) од Прилеп, изгубил контрола и удрил во столб. Во незгодата, возачот починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп. Увид извршила увидна екипа на Полициска станица Прилеп.

СЕ УДАВИЛ ВО БАЗЕН – На 21.09.2020 во 17.49 часот во СВР Битола било пријавено дека во базен во круг на фабрика на ул.„Орде Чопела“ во Прилеп бил пронајден удавен Г.М.(56) од с.Беровци, кој бил ангажиран како чувар на објектот. Од противпожарна екипа од Прилеп телото било извлечено, а од доктор од итна медицинска помош Прилеп извршен е преглед и констатирана е смрт без траги на насилство. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа на Полициска станица Прилеп, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.






КУЧЕ ИСКАСАЛО ВЕЛЕШАНКА – На 21.09.2020 во Полициската станица Велес, Д.Ќ.(44) од Велес пријавила дека на ул.„Кузман Јосифовски – Питу“ во Велес била касната од куче, сопственост на нејзини соседи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ТЕШКО ПОВРЕДЕН ВОЗАЧ НА ТРОТИНЕТ – На 21.09.2020 во 17.15 часот на бул.„Св.Климент Охридски“ во Скопје, на место каде се спојува со сервисна улица која води кон паркинг од Соборен храм „Св.Климент Охридски“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „мазда 3“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.М.(47) од Скопје и електричен тротинет, управуван од Е.С.(36) од Скопје. По незгодата Е.С. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.

ПАДНАЛА ОД АВТОБУС – На 21.09.2020 во 11.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ со тешки телесни повреди била донесена Д.П.(73) од Скопје. Според нејзино кажување, околу 08.40 часот на бул.„Крсте Мисирков“, додека се превезувала како патник во автобус на ЈСП Скопје, паднала и се повредила. Се работи на расчистување на случајот.

ПОВРЕДЕН РАБОТНИК – На 22.09.2020 во 00.50 часот во СВР Скопје, Е.Г.(48) од Скопје пријавил дека на 21.09.2020 околу 22.30 часот во фирма на ул.„Македонско Косовска Бригада“ во Скопје, додека извршувал работни задачи, се превртела количка и паднала врз него, по што бил пренесен во Градската општа болница„Св.Наум Охриски“ каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди. Се работи на расчистување на случајот.

(ДЕЛ ОД БИЛТЕНОТ НА МВР ОД 22.09.2020 ГОДИНА)

Поврзани содржини